Англискиот шампион Манчестер сити е нов лидер во Премиерлигата, откако денеска славеше со 4-0 против Саутемптон, додека лондонскиот гигант Челси беше подобар од Вулверхемптон со 3-0.
Екипата на Пеп Гвардиола тргна фуриозно по гол во првото полувреме, а мрежата на гостите се затресе во 20. минута, кога погоди Кансело, додека во продолжение предноста ја зголеми Фоден.
„Граѓаните“ постигнаа уште два гола во второто полувреме, и тоа најпрво преку Марез за 3-0, додека победата ја запечати Халанд во 65. минута.
Челси конечно почна да фаќа ритам, откако славеше со 3-0 против Вулверхемптон, а головите ги постигнаа Хаверц, Пулишиќ и Броја, но лондонскиот тим конечно заигра напаѓачки и тоа дава оптимизам кај навивачите.
На останатите дуели Њукасл го распарчи Брентфорд со 5-1, додека Бормут го совлада Лестер со 2-1.