Атлетико Мадрид ја оствари петтата победа во Ла Лига оваа сезона откако на домашен терен славеше против Џирона со 2-1. Анхел Кореа беше човекот на одлука на овој дуел.
Кореа беше двоен стрелец за составот на Диего Симеоне. Тој погоди во петтата минута, а потоа и го удвои водството во 48.минута. Џирона намали преку Рикелме во 66.минута, но немаше сили да стигне до реми.