Опенда покрај хет-трикот кој го постигна во период од 30-та до 34-та минута, додаде и една асистенција за 15-та победа сезонава. Ланс со 54 бода и со натпревар повеќе од Монако сега е на три бода пред „кнезовите“ на третото место кое директно води во ЛШ, бод помалку од Марсеј кој исто така има меч помалку.
Овој хет-трик е најбрз во последните 20 години во Лига 1, па Опенда се запиша во историјата.
Алексис Клод Морис во 76-та минута беше стрелец на четвртиот гол, после асистенцијата на Опенда, кој веќе има 12 гола сезонава во Лига 1.
Клермон со 11-ти пораз остана на 11-то место со 34 бода, во сигурна зона со 12 бода повеќе од загрозениот Стразбур, кој е прв од четворката најслаби.