Англиската „гол машина“ Хари Кејн го урна рекордот на германецот Уве Зелер, стар 60 години. Напаѓачот на Баерн, Кејн е фудбалер со најмногу голови во дебитантската сезона во Бундеслигата.
На дуелот против Дармштад тој постигна еден гол со кој стигна до бројката од 31 во германското првенство во оваа натпреварувачка кампања. Со тоа го собори рекордот на легендарниот Уве Зелер кој важеше 60 години, од сезоната 1963/64, а кој изнесуваше 30 гола.
Кејн ќе има можност дополнително да го подобри рекордот бидејќи до крајот на сезоната во Бундеслигата има уште осум кола. Сепак, проблем е тоа што во финишот од мечот со Дармштад (победа на Баерн со 5-2), англискиот репрезентативец доживеа повреда по судир со стативата и неизвесно е дали ќе може да продолжи или ќе мора да паузира.