Португалскиот трагичар Бернардо Силва се „извади“ за глупоста со Реал – го постигна единствениот гол за Сити кој е прв финалист во ФА Купот.
„Граѓаните“ славеа против Челси со 1-0, а победничкиот гол го постигна токму португалскиот репрезентативец во 84. минута од мечот. Играчот од средниот ред на Сити ги казни сите промашувања на противничкиот тим кои претходно имаа шанси да дојдат до убедлива победа против големиот ривал.
Во големото финале, каде ќе го брани трофејот од лани, Сити ќе се игра со подобриот од дуелот меѓу Манчестер Јунајтед и Ковентри кои се среќаваат утре.