Екипата на Баерн Минхен извојува голема и убедлива победа со 1-5 (0-2) на гости кај Унион Берлин во 30. коло од германската Бундеслига. Фудбалерите на Томас Тухел го најавија триумфот уште по првите 45 минути, а до крајот на мечот само го докрајчија ривалот од главниот град.
Леон Горецка и Хари Кејн беа стрелци за Баварците во првиот дел, а во второто полувреме точка на триумфот ставија Матијс Тел и ветеранот Томас Милер, кој беше автор на два гола. Вреди да се истакне голот на Кејн, кој ја затресе мрежата од спектакуларен слободен удар од 25 метри. Единствениот гол за домаќините го постигна Јорбе Вертесен, кој беше прецизен во 90. минута од натпреварот.
Конечните 1-5 беа вистински приказ за случувањата на теренот, но овој триумф не менува ништо на табелата, затоа што Баерн уште во минатото коло ги загуби сите шанси за титулата и му го препушти тронот на Баер Леверкузен.
Унион Берлин останува на само 29 бода и во следните четири кола ќе мора добро да се испоти за да го обезбеди опстанокот во елитната Бундес лига.