Фудбалерите на Торино во самата завршница се изборија за бод против Удинезе и се спасија од пораз пред домашните навивачи (1-1). „Биковите“ тргнаа во силен налет после примениот гол, а тоа се им се исплати во 88. минута, кога Србинот Иван Илиќ постигна чудесен гол и ги постави конечните 1-1.
Фудбалерот од средниот ред продре по левата страна и најверојатно сакаше да нафрли во шеснаесетникот, но неговиот силен удар комплетно го изненади голманот Силвестри и заврши во мрежата, за голема радост на домашнате навивачи.