Кошаркарите на Црвена звезда загубија од Барселона со 76-69 во Белград во натпреварот од 15. коло на Евролигата вечерва. Во преполната сала „Александар Николиќ“, „црвено-белите“ не успеаја да приредат изненадување против најдобриот тим во досегашниот дел од сезоната, иако добро се држеа во поголемиот дел од мечот и беа блиску дури и во финишот.

Најефикасни на натпреварот кај домашните беа Никола Калиниќ и Лука Митровиќ со по 15 поени, додека кај гостите Најџел Хејс-Дејвис имаше 14, Сертак Ченли и Роланд Шмитс по 11 поени.

Standings provided by SofaScore LiveScore