Кошаркарот на Барселона Никола Миротиќ е прогласен за најкорисен играч во Евролига пред почетокот на фајнл-фор завршницата во Белград.
Тој оваа сезона има просек од 16,6 поени, со шут за два поени од 65,6 отсто и 45,5 за три, 5,1 скок и 1,2 асистенции.
„За мене е голема чест што тренер како Жељко Обрадовиќ ми ја додели оваа награда. Ова е тимски успех, пред неколку дена Ник Калатес ми рече дека ќе ја добијам оваа награда и да не заборавам да го спомнам. Тој ми го олеснува животот на теренот“, рече Миротиќ.
Тренерот на Олимпијакос, Јоргос Барцокас пак ја освои наградата за најдобар тренер на сезоната, тој со својот тим успеа да се пласира на фајнл-фор завршницата која од 19 до 21 мај ќе се одржи во Белград.