Барселона е подготвена да размрени двајца свои фудбалери, само за да го добие потписот на Жил Кунде од Севиља. Според „Мундо Депортиво“, потпишувањето на нов централен бек е една од главните цели на каталонскиот клуб ова лето.
Чави, стручниот штаб на Барса и спортската управа на клубот на прво место го имаат позиционирано името на 23-годишниот фудбалер на Севиља. Се верува дека Кунде ќе биде одличен партнер со Роналд Араухо на централната бековска позиција, па затоа ќе направи се за да го добие ова лето.
Севиља бара 80 милиони евра за него, а со оглед на моменталната финансиска состојба на Барселона, таква сума клубот не може да плати. Барса понудила, но се чека дали Севиља ќе се согласи на делумна трампа.
Барселона е подготвена во договорот за Кунде да ги вклучи Сержињо Дест и Клемент Ленгле, кои ѝ се приклучија на Барса токму од Севиља во 2018 година.