Полската тенисерка Ига Швјонтек се пласира во трето коло на Австралијан опен во Мелбурн, откако со 2-0 во сетови, односно 6-2 и 6-3 победи против Камила Осорио од Колумбија.
Швјонтек тргна фуриозно во мечот и водеше со 4-0, но до крајот двапати го загуби својот сервис и ја искомплицира работата за момент, меѓутоа стигна до 6-2, додека во вториот сет лесно направи предност од два брејка, и славеше со 6-3.
На Швјонтек ѝ беа потребни 85 минути за победа против Осорио, а следна противничка ќе ѝ биде подобрата од мечот меѓу Кристина Букс и Бранка Андреску.