Најдобриот тенисер во историјата Новак Ѓоковиќ го освои златниот медал на Летните олимписките игри (ЛОИ) во Париз.
Српскиот тенисер Ѓоковиќ во финалето славеше против Шпанецот Карлос Алкарз со 2-0 во сетови, односно 7-6 и 7-6, по што изјави дека тоа му е најголемиот успех во кариерата.
„Во моментов сум во шок и под емоции. Си кажав по полуфиналето дека ја остварив целта, освоив медал. Сепак, длабоко верував во себе и сакав да освојам злато. Ѝ донесов злато на Србија, ова е мојот најголем спортски успех“, кажа Ѓоковиќ.