Италијанските тенисерки Сара Ерани и Јасмина Паолини триумфираа против Андреева и Шнајдер со 2-1 во сетови, односно 2-6, 6-1 и 10-7 во битката за златен медал на Олимписките игри.
Ерани и Паолини го почнаа лошо мечот и го загубија првиот сет со 2-6, но потоа се соземаа и возвратија со 6-1, а беа одлични и во третиот со 10-7.
Ова беше прв златен медал во тенис за Италија на Олимписките игри.
Претходно во мечот за бронза победија Кристина Букса и Сара Тормо Сорибес од Шпанија во дуелот со Каролина Мухова и Линда Ношкова (2-0).