Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ со победата во финалето на Летните олимписките игри во Париз докажа дека е најдобриот играч во историјата на тенисот.

Ѓоковиќ постави голем број рекорди во текот на кариерата, а одамна ги надмина Роџер Федерер и Рафаел Надал по број на гренслем-титули (24), но досега му недостигаше само златниот медал од Олимписките игри.

Ноле денеска го освои и златниот медал, па така го додаде на колекцијата од 10 пехари на Австралијан опен, три на Ролан Гарос, седум на Вимблдон и четири на Ју-Ес Опен, а притоа има поминато и 428 недели на чело на АТП-листата, но може да се пофали и со титула на Дејвис Купот, но и многу други титули од мастерсите.

Image