Стрелец на победничкиот гол беше Педри во 18. минута по одлична асистенција на Роберт Левандовски, гол кој се покажа како клучен за триумфот. Домаќинот во последната минута успеа да ја затресе мрежата, но голот на Чуквуезе беше поништен поради офсајд, за големо разочарување на навивачите на „жолтата подморница“.

За каталонците ова е 18-та победа, па со 56 бодови е сигурен лидер на табелата. Реал Мадрид е втор со 45 бодови, но има и еден меч помалку.