Казахстанецот Алмат Џуманов е нова светска атракција кога се во прашање најсилните луѓе на светот. Овој џин, кој во својата татковина го нарекуваат казахстански титан, го привлече вниманието кон себе со неверојатните работи што ги прави.

Меѓу најавите на Алмат Џуманов може да се најдат видеа на кои тој застанува и крева автомобили, кине синџири, влече авион, крева камила и со заби држи човек кој седи на стол.

Тој беше толку охрабрен што на Инстаграм ги покани двајца од „најстрашните луѓе на светот“, Иранецот Хулк Сајад Гариби и Англичанецот Мартин Форд. Очигледно би сакал да се испроба и во рингот. Споменатите двајца требаше да се вкрстат на 30 април во Лондон, во рингот, но тој дуел по којзнае кој пат беше откажан.

Instagram will load in the frontend.

Алмат Џуманов доаѓа од Алмати, најголемиот град во Казахстан. Тој тврди дека е двократен шампион во бодибилдинг.

https://www.instagram.com/reel/Cb2Ujh8jTN0/?utm_source=ig_embed&ig_rid=771b1db0-2136-4ce4-bfc2-18c89ddf0b55

Instagram will load in the frontend.