Газдата на Челси, Роман Абрамович не е среќен поради резултатите на екипата, па сака да вложи пари во нови засилувања, кои треба да пристигнат од Барселона, која се соочува со сериозни финансиски проблеми.
Првото име на листата со желби на Абрамович е талентираниот Френки де Јонг, кој би го чинел европскиот шампион околу 60 милиони евра, додека второ засилување на „сините“ треба да биде Гави, кој има откупна клаузула од 50 милиони евра.
Поранешниот англиски шампион не мисли тука да застане бидејќи сака уште еден фудбалер на Барселона, а тоа е Сержињо Дест, кој не се вклопи во плановите на тренерот Чави Ернандез и тој треба да чини околу 20 милиони евра .