Виктор Корниенко е првиот украински репрезентативец кој се приклучи на војската на Украина. Левиот бек на Шахтјор и на украинската фудбалска репрезентација одлучи да ја брани земјата од руската инвазија.
„Во Украина сум и им помагам на оружените сили. Слава на Украина! Ќе ги уништиме еб*ните Руси“, напиша фудбалерот на социјалните мрежи.
Корниенко можеше со тимот на Шахтјор да се евакуира во Полска, но реши да остане и да се бори за татковината.