Првиот човек на Јувентус, Андреа Ањели во вториот обид го најави стартот на Суперлигата, што беше остро осудено од претседателот на УЕФА, Александар Чеферин.
За време на „Бизнис фудбалската конференција“, организирана од „Фајненшл тајмс“, Словенецот одговори на идејата на Ањели, со поддршка од Реал Мадрид и Барселона.
„Прво лансираат безмислена идеја среде пандемија, а сега слушаме друга среде војна. Тие живеат во паралелен свет“, рече Чеферин.
Чеферин потоа го спореди Ањели
„Ањели е узурпатор, диктатор и Путин на фудбалот. Човек без срам. Ни војната не го омекнува, срамота“, остар беше Чеферин.
УЕФА го одби првиот налет на богаташите. Можат ли и вториот?