Поранешните претседатели на ФИФА и УЕФА, Сеп Блатер и Мишел Платини ќе се појават пред судот во Швајцарија на 8 јуни, кога ќе почне постапката по обвинението за корупција.
Станува збор за судење врз основа на обвинението на швајцарскиот обвинител дека Блатер неоправдано му префрлил два милиони швајцарски франци на Платини во 2011 година.
Блатер и Платини, кои конкретно беа сослушани во врска со овој случај во ноември минатата година, од првиот момент ги отфрлија тужбите.
Случајот беше покренат во 2015 година, кога беа упатени голем број обвинувања против челниците на двете водечки фудбалски организации.
Следеше истрага на Етичката комисија на ФИФА, која ги осуди Блатер и Платини со суспензии од фудбалските активности.
Судењето започнува на 8 јуни, а доколку бидат прогласени за виновни, Блатер и Платини се соочуваат со тешки казни, а потенцијално и затвор.