МВР распиша меѓународна потерница покрај централниот распис за Анџело Ѓоргиевски, роден на 13 јануари 1994 година во Скопје, каде и живее на улица број 9 број 5 во село Волково.
Тој се бара по наредба број 1211/22 од 12 април на ОЈО Скопје, поради основано сомневање за сторено кривично дело убиство.
Ѓоргиевски е првоосомничен за убиството на 28-годишниот ракометар од Хрватска Денис Тот, кого како што се гледа на снимките од безбедносните камери, пред дискотеката Привилиџ во градскиот парк, минатата недела го удрил, од што ракометарот паднал на асфалтот и се здобил со смртоносни повреди на кои подоцна им подлегна на КАРИЛ.
„Анџело Ѓорѓиевски род.13.01.1994 год. во Скопје, каде и живее на ул.„9“ бр.5, с. Волково. Се бара по Наредба КО. бр. 1211/22 од 12.04.2022 год. на ОЈО Скопје, поради основано сомневање за сторено кривично дело „Убиство“ по чл. 123 од КЗ на РСМ“ стои во објавата на МВР.