Англискиот великан Челзи стана од мртвите во Мадрид, имаше водство од 0:3 во 80 мин. против Реал.Беше на прагот да направи сензација и да го демолира Реал, но магијата на Лука Модриќ и неверојатната асистенција за Родриго донесоа продолженија, а во нив Карим Бензема уште еднаш ја покажа својата класа и постигна гол за конечни 2-3, со кои „кралскиот клуб“ се пласираше во полуфиналето на Лигата на шампионите. Пред се благодарение на триумфот од 1-3 на „Стемфорд бриџ“ кога Карим Бензема постигна хет-трик.

Мејсон Маунт во 15.минута донесе предност за Челси во 15.минута, Рудигер зголеми на 0-2 на почетокот на второто полувреме, а Тимо Вернер во 75.минута погоди за 0-3. Но, сепак, „кралевите“ се вратија, а на крајот Карим Бензема му пресуди на Челси. Одличен на голот на Реал во клучни моменти беше Тибо Куртоа.