Премиерното издание на „Финалисима“, дуел меѓу шампионите на Европа и шампионите на Јужна Америка, целосно и припадна на Аргентина, која славеше високо против Италија со 3:0 .
Во лондонската пресметка на јужноамериканскиот и европскиот шампион, фудбалската репрезентација на Аргентина ја победи Италија со 3-0 и го доби премиерното издание на „Финалисима“.
Европската фудбалска федерација (УЕФА) и јужноамериканската фудбалска федерација (КОНМЕБОЛ) минатата година се договорија да одиграат дуел меѓу европскиот шампион и победникот на Копа Америка за трофејот наречен „Финалисима“.
За домаќин на првиот меч беше избран лондонски Вембли, а „аѕурите“ и „гаучите“ ги одмерија силите пред 87.000 гледачи.
Да потсетиме, Италија минатата година ја освои европската титула откако во финалето ја победи Англија pо подобро изведување пенали, додека Аргентина го победи Бразил со 1-0 во финалето на Копa.
Немаше голема неизвесност на натпреварот помеѓу Аргентина и Италија. „Гаучите“ беа подобри и славеа со 3-0 со головите на Лаутарo Мартинез (28), Анхел Ди Марија (45 + 1) и Паоло Дибала (90 + 4).
Дуелот на Вембли беше последен, 117. во дресот на Италија за Џорџо Киелини. Тој е петти по бројот на настапи за репрезентацијата, а на врвот е Џанлуиџи Буфон со 176 настапи.
Киелини по 18 години минати во Јувентус кариерата ќе ја продолжи во американската МЛС лига, а се шпекулира дека треба да потпише договор со Лос Анџелес.