Македонскиот напаѓач Бојан Миовски постигна спектакуларен гол во 50. минута а српскиот коментатор падна во транс и беше одушевен од мајсторијата која што ја изведе македонскиот голгетер.
Миовски доби топка од Полвара и тргна во соло-продор. Тој изведе атрактивен дриблинг, а потоа рутински со прецизен удар ја затресе мрежата на искусниот Џо Харт. По голот кој сигурно ќе конкурира за најдобар на колото во шкотската Премиер лигата, Миовски прослави во стилот на Кристијано Роналдо, со популарното „Сиууу“.