Двете екипи одиграа интересен меч, полн со шанси, уште во првото полувреме тргнаа офанзивно иако сите погодоци беа постигнати во второто полувреме.
По само две минути игра во вториот дел Менди направи голема грешка, тоа го искористи Џереми Пино кој донесе водство за Виљареал од 1-0.
Во 60. минута Реал Мадрид доби пенал по игра со рака на Фојт во сопствениот шеснаесетник. Бензема погоди од белата точка за израмнување на 1-1.