Македонскиот репрезентативен напаѓач Бојан Миовски беше стрелец на Абердин во ремито (1-1) против шкотскиот гигант Селтик, а беше прогласен и за играч на натпреварот од „Скај Спортс“.
„Чувствував дека можам да му дадам гол на големиот Селтик. Тоа на полувреме им го кажав на соиграчите и среќен сум што успеав во тоа. Имавме шанси потоа и за победа, но може да бидеме задоволни со бод од пресметката со најдобриот тим во лигата. Ремито носи огромен мотив секако и за се што не очекува во продолжение во првенството“, изјави Миовски.
Bojan Miovski #9
— Petar Tomovski (@petar_tomovski) February 3, 2024
⚪🔴FC Aberdeen
Amazing goal agains giants from Scotland.
Great game from Dons in drow against Celtic
FC Aberdeen - Celtic 1:1
1x ⚽Miovski#fcaberdeen #bojanmiovski #miovski #Afc pic.twitter.com/yiLT9wFlE7
Македонскиот ас беше една од желбите на Селтик во овој зимски преоден рок, но на крајот остана во Абердин.
Миовски го одигра шестиот дуел против Селтик во кариерата и постигна втор погодок.