Бристол сити во 42. коло од англиската Чемпионшип-лига славеше на гостувањето кај Стоук со 1-0, а единствениот погодок го постигна Дасилва во 84. минута, но внимание привлече една пресметка во надополнувањето на првото полувреме.
Домашниот фудбалер Џејкоб Браун и ривалот Ден Бентли имаа боречки зафат покрај теренот и тоа можеше да предизвика голем хаос, зашто ниту еден од нив не попушти, по што двајцата добија жолти картони.