Саудискиот Ал-Наср на Кристијано Роналдо одигра нерешено, само 0-0 против Ал-Феиха, а по мечот, португалската легенда беше видливо нервозна и разочарана од ремито, но според случувањата на теренот, Ал-Наср можел и да загуби.

За Ал-Феиха целиот натпревар го одигра македонецот Александар Трајковски, кој постигна и еден прекрасен гол со шут од далечина, но, за жал на Алекс, тој гол беше поништен.

Ова е фантастичниот гол на Трајковски: