Италијанската компанија „Брера Холдингс“ е новиот сопственик на Академија Пандев. Официјално го потврди преземањето на македонскиот прволигаш.
„Компанијата „Брера Холдингс“ ја продолжува својата имплементација на стратегијата која ќе ја форсира за ширење и промоција на брендот Брера во Источна Европа. Со купување на Академија Пандев и ребрендирање во Брера, планот е да се зголеми тимскиот напредок“, изјави извршниот директор на Брера, Серџо Скалпели.
Првата фудбалска лига на Македонија продолжува претстојниот викенд, а Академија Пандев многу брзо ќе го промени името и до крајот на сезоната ќе се бори за опстанок во елитата.