Килијан Мбапе најдоцна во март ќе донесе одлука каде ќе ја продолжи кариерата.
Според „Ас“, Французинот по натпреварите со Реал во осминафиналето на Лигата на шампионите ќе одлучи дали летово ќе му се приклучи на шпанскиот гигант или ќе остане во Пари Сен Жермен.
Сепак, големи се шансите следното лето да го засили Реал како слободен играч.
Тој може да потпише преддоговор со некој од клубовите уште на првиот ден во 2022 година, но се укажува дека пресуден ќе биде исходот од дуелот во елитното натпреварување на УЕФА.
Во Реал се убедени дека ќе ја добијат битката и ќе го донесат следното лето.
Ниту првиот човек на Париз, Насел Келаифи, речиси и да не верува дека ќе успее да го задржи на „Паркот на принцовите“.
Преговорите за продолжување на договорот се прекинати и не се забележува напредок, иако спортскиот директор Леонардо неодамна изјави дека „имаат добри шанси да постигнат договор“.
Мбапе од почетокот на сезоната има постигнато 15 гола на 24 натпревари.