Денис Родман е уапсен на Флорида откако направил проблеми на лет од Лос Анџелес, пренесоа американските медиуми.
Контроверзниот поранешен кошаркар, како што се наведува, прво се скарал со стјуардесите и комплетниот персонал во авионот, а потоа и со органите на редот кои го чекале на аеродромот по слетувањето.
Сето она што персоналот го побара од Родман на летот е да стави маска, која според правилата на авиокомпанијата е задолжителна за секој патник.
Родман наводно се извлеколдека има проблеми со дишењето, на што не се согласиле стјуардесите, па се налутил и поради тоа била повикана полиција за да го уапси по слетувањето на Флорида.
Бил приведен, дал изјава, а потоа по разговорот бил пуштен.
Родман е поранешен играч на Чикаго Булс, со кој освои пет титули во ерата на Мајкл Џордан, а играше и за Сан Антонио, Лос Анџелес Лејкерс и Далас Маверикс, како и за Детроит Пистонс.
Со популарните „Бед Бојс“ Пистонс освои две шампионски титули, како и две награди за најдобар дефанзивец (DPOY), а при доделувањето на наградата плачеше од емоции