Според информациите од Италија, селекторот Роберто Манчини ќе го повика Марио Балотели во составот за бараж мечот против Македонија кој се игра во март.
Манчини планира да му даде уште една шанса и да го повика на подготовките за овој натпревар. Балотели го одигра последниот меч за „аѕурите“ пред три години, а сега повторно ќе има шанса да го облече дресот на Италија.
31-годишниот Балотели игра за Адана Демирспор и сезонава има седум гола и две асистенции во 18 натпревари во Суперлигата.