Чилиќ го комплетираше четвртфиналето и закажа пресметка со Андреј Рубљов, кој за 80 минути го мина Синер, откако овој го предаде мечот на почетокот од третиот сет. Иако Медведев беше фаворит, светски рекет број два е моментално но, вечерва немаше шанси против извонредниот Хрват, кој во првиот сет направи два брејка при водство од 3-2 за да поведе, во вториот повторно во шестиот гем направи брејк за да дојде на чекор до триумф, а во третиот експресно му зема два сервиси на Русинот за убедливи 3-0 и потоа само рутински финишира до крајот.
Медведев лани на Роланд Гарос испадна во четвртфинале, па сега нема да загуби многу бодови во трката за првото место на АТП, што значи дека Новак Ѓоковиќ сепак ќе мора да го освои овој гренслем за да остане на првото место, каде неделава ја почна 372-та недела како број еден.
Утре четвртфиналињата стартуваат со пресметката Александер Зверев – Карлос Алкараз, а вечерта е „класикото“ Рафаел Надал – Новак Ѓоковиќ.