Во финалето, тој го совлада Тејлор Фриц со 3-0 (6-3, 6-4, 7-5) за 2 часа и 17 минути игра и покажа дека притисокот од јавноста по допинг скандалот не оставил трага вез неговата психа. На целиот турнир тој изгледаше максимално фокусиран, имаше среќа и со ждрепката, но на крајот ја искористи шансата за да стигне до вториот Гренд слем трофеј во кариерата и втор оваа година.
Синер уште во првиот гем направи брејк. Фриц нешто подоцна го врати и израмни на 2-2, но потоа Синер освои четири од следните пет гема и поведе со 1-0. Во вториот сет немаше брејкови, ниту брејк шанси до последниот гем а Синер го доби за водство од 2-0.
Фриц ја пропушти својата шанса во третиот сет во кој одзеде сервис на противникот во седмиот гем за водство од 4-3. При 5-4 сервираше за сет, но повторно до израз дојде психолошата подготвеност на Синер кој освои три гема по ред и стави точка на мечот.
Италијанецот стави точка на Гренд слем сезоната имајќи предив дека УС Опен е последен ваков турнир во 2024. Во неа, тој и Алкараз поделија по два трофеја и потврдија дека иднината им припаѓа ним. За Синер ова е шести трофеј во сезоната која речиси сигурно ќе ја заврши на првата позиција на АТП листата.