Најтрофејниот тенисер во историјата на белиот спорт Новак Ѓоковиќ дојде до 33-та победа по ред на Вимблдон и го обезбеди 12-то полуфинале во кариерата откако вечерва го победи Андреј Рубљов во четири сета со 4-6, 6-1, 6-4, 6-3 и против Јаник Синер ќе се бори за ново финале.

Српската ѕвезда го загуби првиот сет и му даде предност на Рубљов откако во деветтиот гем го загуби сервисот за Русинот да поведе, па потоа стапи на сцена за да го суреди противникот во следните три сета. За Ѓоковиќ ова е 46-то полуфинале на гренслем турнирите и денеска се израмни со швајцарецот Роџер Федерер.

Во вториот сет Ѓоковиќ со 6-1 брзопотезно израмни, овозможувајќи му само еден гем на противникот, а во третиот на 4-4 направи брејќ, па спаси три топки за рибрејк и поведе во дуелот, а потоа во четвртиот сет, уште во воведната фаза направи брејк и направи  исчекор кон победата, па направи уште еден брејк за потврда на триумфот.

Србинот со овој триумф над седмиот носител Рубљов стигна до 66-та победа против играчите од „топ десет“, две победи повеќе од пензионираниот Федерер, а колкав карактер има покажува податокот дека ова е негова 46-та победа откако го загубил првиот сет на еден гренслем, а 14-та на најпрестижниот турнир на Вимблдон.

https://twitter.com/trtsporyildiz/status/1678803425071357952?s=20