Светскиот рекет број еден, Новак Ѓоковиќ, ќе игра во финалето на мастерс турнирот во Париз, откако вечерва по голема гладијаторска битка и во пресметка што траеше над три часа со пресврт го совлада рускиот тенисер Андреј Рубљов (5-7, 7-6, 7-5).
Тоа беше гладијаторска пресметка буквално за секој поен, во која на крајот решаваа мали нијанси. Дуелот беше исцрпувачки, но 36-годишниот српски тенисер пронајде енергија во клучните моменти и направи брејк кој значеше триумф.
Новак Ѓоковиќ во утрешното големо финале ќе има пресметка со Бугаринот Григор Димитров, кој претходно денес, исто така во фантастично борбен меч кој траше два и пол часа, го совлада Стефанос Циципас.