Англискиот актуелен првак Манчестер сити го прегази Борнмут со убедливи 6-1, а најзаслужен за победата беше Џереми Доку со еден гол и четири асистенции.
Доку во 30. минута погоди за водство од 1-0, додека до крајот на првото полувреме во листата на стрелци се запишаа Бернардо Силва и Аканџи.
Борнмут погоди преку Соланке во 47. минута, но голот беше поништен по реакција на ВАР-технологијата.
Водството на „граѓаните“ го зголеми Фоден во 64. минута (4-0), по што Синистера намали на 1-4. До крајот на натпреварот погодија и Силва и Аке за конечни 6-1 за Манчестер сити.
Останати резултати:
Брентфорд – Вест хем 3-2
Барнли – Кристал Палас 0-
Евертон – Брајтон 1-1
Шефилд јунајтед – Вулверхемптон 2-1