Новак Ѓоковиќ може да го пропушти Отвореното првенство на Австралија доколку не се вакцинира против коронавирус во следните четири дена.
Светскиот број 1 досега одбиваше да се вакцинира, бидејќи, како што вели тој, вирусот постојано мутира, а потоа не гледа цел во вакцинацијата.
“Моите изјави беа извадени од контекст. Се испостави дека сум против секаков вид вакцинација, но тоа не е вистина. На крајот на краиштата, кој сум јас да зборувам за вакцинација кога тоа го прават експерти кои спасуваат животи? Но, јас не сакам да ми се наметнува нешто да ставам во моето тело а е против мојата волја. Не можам да го прифатам тоа “, рече Ѓоковиќ пред УС Опен, каде загуби од Медведев во финалето.
Ако сака да се натпреварува на првиот Грен слем следната сезона, Ѓоковиќ мора да ја прими првата доза на вакцината до 15 октомври и втората до 26 ноември, така што, според австралиските епидемиолошки мерки, тој може да влезе во земјата навреме за да учествува на турнирот.
Премиерот на австралиската сојузна држава Викторија, Ден Ендрјус, јасно му порача на Ѓоковиќ дека нема да има исклучоци за никого, вклучително и за него.
“Гренд слем титулите нема да му помогнат да влезе во Австралија. Може да влезе само врз основа на докази дека е вакциниран. И таму нема отстапки”, рече Ендрјус.