Македонската најдобра тенисерка Лина Ѓорческа и нејзината колешка Чагла Бујукакчај денеска беа поразени во финалето на турнирот во Лиепаја, Летонија со 4-6, 6-2 и 3-10.
Ѓорческа и Бујукакчај се соочија со проблеми уште во првиот гем, кога нивните противнички имаа брејк шанса, но не ја искористија. Сепак Семенистаја и Висман ја искористија следната можност и стигнаа до 4-3, а потоа сервираа успешно за да го добијат првиот сет со 6-4.
Семенистаја и Висман веднаш направија брејк и во вториот сет (1-0), но Ѓорческа и Бујукакчај се разиграа во продолжение на сетот и со три брејка по ред стигнаа до 6-2, односно израмнија на 1-1 во сетови.
Победникот се решаваше во третиот сет, каде што Семенистаја и Висман беа подобри со 3-10 и така ја освоија титулата во Летонија.
Ова беше вкупно 71. финале во конкуренција на двојки за Ѓорческа во кариерата, а досега има 46 победи и 25 порази.