По двете победи против Брест Мешков во Лигата на шампиони и против Пелистер во големото македонско дерби, атмосферата во составот на „црвено-црните“ е на високо ниво. Еден од најискусните во тимот Тимур Дибиров смета дека секоја екипа слабости.
„Јас мислам дека секоја екипа има слабост, дури и ваква како Алборг. Тие се противник од типот на Елверум, многу трчаат имаат силно темпо. Е наша задача ќе биде да ги извадиме од ритам, од таа нивна комфорна зона, да мора да ги запреме, да ги натераме да играат без топка. Кога ќе видите дека тоа што секогаш функционира прекинало да функционира настанува проблем, па треба да се прилагодите. Тоа е како во боксот, оној што знае да се адаптира на противникот има предност. Тоа не значи дека нам ни се допаѓа таква игра, но ако функционира ќе ја играме“, изјави Дибиров.