Фудбалската легенда Горан Пандев ќе има чест да биде дел од спектаклот што в сабота ќе се одржи во Букурешт, во чест на најдобрата генерација на романскиот фудбал.
Македонецот Пандев, освојувачот на Лигата на шампионот со Интер ќе учествува на егзибициски фудбалски натпревар, како дел од тимот на светот, кој што ќе ѝ се спротистави на „златната“ генерација на Романија, која што во 2004 година се пласираше во четвртфиналето на Светското првенство во Соединетите Американски Држави.
На тој Мундијал Романците беа едни од најпријатните изненадувања, бидејќи групната фаза ја завршија како лидери, а потоа во осминафиналето ја елиминираа Аргентина. Во четвртфиналето загуби од Шведска по изведувањето на пеналите.
Во тој тим на Романија играа фудбалски легенди како Стелеа, Прунеа, Петреску, Попеску, Радучоју, Димитреску, Лакатуш… Повеќето од нив ќе настапат и на утрешниот натпревар. За тимот на светот, покрај Пандев, ќе играат уште Литманен, Коуто, Ривалдо, Дида, Савиола, Мајкон, Карембу, Стоичков…