Македонската тенисерка, Лина Ѓорческа, со пораз го заврши настапот на првиот Фјучрс кој се игра во Ираклион, Грција. Тетовчанката загуби во четвртфиналето од Австријката Синја Краус во два сета, 6-2 и 6-4, за 85 минути игра.
Нашата тенисерка добро започна и поведе со 2-0, но потоа Краус освои шест гема во серија. Во вториот сет Австријката при резултат 3-3 го доби седмиот гем , а потоа умешно успеа го приведе дуелот кон крајот и извојува победа против македонската тенисерка.
Ѓорческа имаше 11 двојни сервис-грешки, искористи две брејк топки, додека Краус имаше три брејка повеќе и заслужено дојде до триумфот во четвртфиналето. Македонската тенисерка следната недела повторно ќе настапува на Крит, на турнир со награден фонд од 40.000 американски долари.