Иако беше видно посилна селекција од Узбекистан и од Сенегал, Иран се носеше со Македонија едвај едно полувреме и тоа поради наши грешки.
По почетните 3-0, следниот го дадоа дури во 17-тата, но за среќа одбраната функционираше добро, па губеа само со еден негатива. Работите почнаа да се местат според желбите на Савевски, Македонија се одлепи и на пауза замина со 11-8.
Второто полувреме беше, можеби, најдоброто досега за македонските надежи, нападот функционираше многу подобро. Со неколку кратки серии од по 3-0, во 48. минута првпат дојдоа до двоцифрена предност, 23-13, а до крајот резултатот беше само формалност. Теодора Дукоска беше најдобар стрелец со шест погодоци во нашата репрезентација, а по четири дадоа Младеновска, Борјана Коцева, Ризоска и Јанкуловскa.
Ова значи дека Македонија го освои првото место во групата Б и продолжува во главната фаза, каде што ќе вкрсти со првиот и вториот од групата А, Исланд и Шведска. Во таа група 1, продолжуваат и Иранките, како втори од нашата прелиминарна група, при што Македонија ги пренесува двата бода освоени против нив и со почетна предност ќе тргне кон освојување на првото или второто место, кои водат во четвртфиналето. Утре од 20.30 играме против Шведска, која го освои второто место во групата А и ќе има салдо „нула“, а в петок ќе се соочиме со Исланд, кој исто така пренесе два бода.