Противници ни се Алжир, Тунис и Мароко, ни малку наивни селекции од северна Африка, кои исто така го освоија последното место во своите групи. Во моментов тие се параметар за нашата сила и квалитет, па ќе мора да се обидат ракометарите да ја премостат огорченоста за конечно да го почувствуваат мирисот на победата.
„Секако сакаме да ја почувствуваме сласта на некоја победа. Сакаме и да добиеме некој играч плус, да им се даде шанса на сите. Сакаме да не паднеме во депресија и да пробаме да извлечеме максимум од тие три натпревари. Да одиграме со послаби противници, па да видиме каде сме. Не треба да бидеме депресивни, незадоволни да, но и да преземеме одговорност. Да ги искористиме овие натпревари“, изјави Лазаров.
Првиот натпревар Македонија го игра веќе утре од 15.30, против Алжир.