Денвер нагетс триумфираше со 122-113 против Портланд трејл блејзерс, а повторно одличен настап имаше Никола Јокиќ кој постигна 36 поени, 12 скокови и 10 асистенции.

Српскиот центар промаши само еден шут од игра (13/14) и едно слободно фрлање (9/10), а ова му беше 13. трипл-дабл во кариерата, па така уште еднаш потврди дека е сериозен кандидат за МВП оваа сезона.

Портер постигна 23 поени, а Џамал Мареј додаде 12 поени, додека најдобар кај Портланд беше Демиен Лилард со 44 поени и осум асистенции.

Останати резултати:

Милвоки – Торонто 130-122
Сан Антонио – Бруклин 106-98
Клиперс – Филаделфија 110-120