Македонскиот ракометен првак Вардар без поголеми проблеми и со лесна и убедлива победа ја заврши ракометната есен од Суперлигата, откако со 34-23 ја победи Струга за 14-та победа сезонава.
Уште од почеток беше јасен победникот зашто црвено-црните брзо направија убава предност од 5-1, па потоа само ја зголемуваа, до полувреме на плус шест (16-10). Во вториот дел стружани уште повеќе го загубија чекорот, па разликата само растеше и пред крајот првпат беше двоцифрена предност за на крајот да заврши со плус 11 (34-23).
Чувара, Моралес, Манасков и Талески погодија по пет пати за Вардар, додека Цветаноски кај стружани беше најефикасен на мечот со осум гола.
Вардар со максималниот ефект од 14 победи во исто толку мечеви заврши пред Алкалоид, кој има два порази токму од црвено-црните.