Франција води со 1:0 на полувреме против Мароко, во второто полуфинале на Светсктото првенство во Катар. Актуелниот светски првак се израдува по само четири минути и 39 секунди од почетокот на дуелот кога Тео Ернандес со акробатски удар успеа да го матира Боно.
Овој погодок е најбрз гол во полуфиналињата на Мундијалите во последните 64 години. На СП 1958 година во Шведска, Бразилците со голот на Вава по само две минути игра поведоа против Франција.
Во продолжение на мечот, Мароко повеќе ја имаше топката во своите нозе, африканската селекција упати пет шута од кои два беа во рамките на голот, а најдобрата можност ја имаа во 44 минута кога Ел Јамик на атрактивен начин со ножички ја погоди стативата. Франција имаше само еден прецизен удар во рамките на противничкиот гол, а од останатите девет кои не беа прецизни, најдобрата можност ја имаше Жиру кој ја погоди рамката од голот на противникот.