Манчестер Сити по изведувањето на пеналите беше елиминиран од Реал Мадрид во четвртфиналето во Лигата на шампионите.
„Граѓаните“ серијата на удари од единаесет метри ја започнаа со предност, откако Модриќ не го реализира својот пенал, но потоа следуваше шок на „Итихад“ и неверојатно лош удар на Бернардо Силва. Португалскиот ас со катастрофален удар сакаше да го совлада Лунин, но противничкиот голман го прочита и му фати жива топка.
Англиските медиуми пишуваат дека навивач на „граѓаните“ не сакал да ја врати топката во теренот за да може Силва да го изведе пеналот и така ја нарушил концентрацијата кај Португалецот.
Околу една минута навивачот не сакаше да ја врати топката, а за тоа време постојано растел притисокот врз португалскиот фудбалер кој на крајот имаше ужасен удар од белата точка.
Промашениот пенал на Бернардо Силва и одбраната на Андреј Лунин:
Покрај Силва за Сити промаши и Ковачиќ, односно Лунин повторно одбрани.