Баерн на домашен терен го совлада Арсенал со 1-0, со што обезбеди пласман во полуфиналето на ЛШ а за противник ќе го има шпанскиот гигант Реал Мадрид кој на пенали го елиминира Манчестер Сити.
Сега веќе поранешниот шампион на Германија, првото полувреме го заврши со шанса на Мусиала, а на стартот од второто Горецка и Гереиро не искористија големи шанси за постигнување гол. Прво германскиот ас ја погоди стативата, а левиот бек налета на одбиената топка и шутираше од прва, но недоволно прецизно за да го совлада Раја. Сепак, голманот на Арсенал остана без реакција во 63. минута и Баерн Минхен стигна до водство од 1-0.
Баерн беше подобар противник во дуелот со Арсенал, но дури во 63. минута успеа да го скрши отпорот на гостите и бедемот пред голот на Раја. Тоа го направи Кимих со глава, по центаршутот на Гереиро од левата страна. Во финишот од натпреварот, Арсенал направи притисок, создаде неколку шанси за гол, но не успеа да го совлада Ноер.