Секогаш кога мислите дека сте виделе се во фудбалот, секогаш има нешто што ја поместува границата.
Такво нешто направи иконата на Селта, Иаго Аспас во поразот од 2:1 на неговиот тим од Валенсија во последното коло од Примера.
Одличниот Шпанец во 11. минута го постигна водечкиот гол за тимот од Виго, а при славјето некако успеа да се повреди.
И тогаш дојде до брилијантна идеја.
Знаејќи дека има заработено четири жолти картони во првенството, а следниот значи суспензија, Аспас намерно го соблече дресот за да ги „исчисти“ картоните и да ја одработи казната на наредниот натпревар на кој сигурно нема да настапи поради повреда .
https://twitter.com/IntChampionsCup/status/1467591514079514636?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1467591514079514636%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fpublish.twitter.com%2F%3Fquery%3Dhttps3A2F2Ftwitter.com2FIntChampionsCup2Fstatus2F1467591514079514636widget%3DTweet